Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, изнесува 110.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен
во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (22.7 %), Уметност, забава и рекреација (18.4 %) и
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (15.8 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.8 %), Трговија на големо и трговија на
мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.3 %) и Рударство и вадење на камен (4.3 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2022 година, изнесува 47 634 денари.