Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата
по вработен, во февруари 2014 година, во однос на февруари 2013 година, изнесува 100.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по
вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (13.8%), Градежништво (8.5%) и Финансиски дејности и
дејности на осигурување (2.8%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (7.0%), Снабдување со електрична енергија,
гас, пареа и климатизација (6.6%) и Рударство и вадење на камен (5.0%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2014 изнесува 30 662 денари.
Во февруари 2014 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.