Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2010 г., во однос на јули 2009 г., зголемена за 0.3%

вторник, 28 септември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена брутоплата по вработен во јули 2010 година, во однос на јули 2009 година, изнесува 100.3.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рибарство (23.2%), Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата (6.8%) и Преработувачка индустрија (4.4%).

Намалување на просечната исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Сообраќај, складирање и врски (7.0%), Рударство и вадење на камен (3.5%) и Хотели и ресторани (3.4%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2010 изнесува 29 827 денари.

Во јули 2010 година, 2.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  jovanco.sapundzioski@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика