Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во ноември 2012 година, во однос на ноември 2011 година, изнесува 100.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (13.8%), Други услужни дејности (5.2%) и
Земјоделство, шумарство и рибарство (3.8%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.2%), Рударство и
вадење на камен (5.9%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, за ноември 2012, изнесува 20 857 денари.
Во ноември 2012 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.