Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во септември 2012 година, во однос на септември 2011 година, изнесува 100.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (12.2%), Други услужни дејности (11.1%) и
Земјоделство, шумарство и рибарство (4.9%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4.7%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа
и климатизација (4.1%) и Административни и помошни услужни дејности (2.8%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2012, изнесува 20 779 денари.
Во септември 2012 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.