Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Пазар на труд
Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2011
среда, 30 март 2011
Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена нето-плата.
Месечните индекси на просечната исплатена нето-плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, изнесува 103.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.7%), Други услужни дејности (17.8%) и Образование (6.2%).
Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.4%), Уметност, забава и рекреација (7.4%) и Транспорт и складирање (4.2%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2011 изнесува 21 029 денари.
Во јануари 2011 година, 2.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 835
е-пошта:
sevdie.ramuko@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика