Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, април 2018 година

петок, 22 јуни 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен, во април 2018 година, во однос на април 2017 година, изнесува 105.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Рударство и вадење на камен (32.2 %), Преработувачка индустрија (13.0 %) и Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна (11.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Рударство и вадење на камен (14.0 %), Административни и помошни услужни дејности (4.0 %) и Трговија
на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2018, изнесува 23 942 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика