Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2017 година

петок, 22 декември 2017


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, изнесува 104.0.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29.3%), Рударство и вадење на камен (10.5%) и
Преработувачка индустрија (7.9%).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4.9%), Транспорт и складирање (4.1%) и Снабдување
со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3.0%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2017, изнесува 23 356 денари.


Во октомври 2017 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не зеле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика