Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2016

петок, 21 октомври 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во август 2016 година, во однос на август 2015 година, изнесува 101.9.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен во секторите: Градежништво (10.1%), Административни и помошни услужни дејности (6.6%) и
Преработувачка индустрија (4.3%).


Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Информации и комуникации (3.0%), Преработувачка индустрија (2.2%) и Трговија на
големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (0.9%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2016, изнесува 22 294 денари.


Во август 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика