Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2016

петок, 25 март 2016


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, изнесува 102.0.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (14.5%), Административни и помошни услужни
дејности (9.7%) и Градежништво (8.7%).


Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (15.6%), Информации и комуникации (12.8%) и
Преработувачка индустрија (7.2%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2016, изнесува 22 254 денари.
Во јануари 2016 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика