Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2015

петок, 27 март 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, изнесува 102.3.


Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Други услужни дејности (8.4%), Уметност, забава и рекреација (6.7%) и Дејности на
здравствена и социјална заштита (6.1%).


Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (18.2%), Земјоделство, шумарство и рибарство
(7.7%) и Преработувачка индустрија (7.1%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2015, изнесува 21 828 денари.


Во јануари 2015 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 635

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика