Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, ноември 2022 година

понеделник, 23 јануари 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18.7 %), Објекти за
сместување и сервисни дејности со храна (17.5 %) и Административни и помошни услужни дејности (17.3 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.5 %), Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна (3.5 %) и Уметност, забава и рекреација (3.1 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33 011 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика