+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јуни 2022 година

петок, 19 август 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, изнесува 110.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (23.1 %), Уметност, забава и рекреација (17.5 %) и
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (16.0 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.0 %), Трговија на големо и трговија на мало; поправка
на моторни возила и мотоцикли (5.7 %) и Рударство и вадење на камен (4.3 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2022 година, изнесува 31 869 денари.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика