Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2013

вторник, 29 октомври 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2013 година, во однос на август 2012 година, изнесува 100.7.


Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (7.0%), Други услужни дејности (6.7%) и Рударство и вадење на камен (5.6%).


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4.7%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.8%) и Транспорт и складирање (3.0%).


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2013, изнесува 21 108 денари.


Во август 2013 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика