Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Пазар на труд


Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, мај 2013

понеделник, 29 јули 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во мај 2013 година, во однос на мај 2012 година, изнесува 102.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (8.1%), Транспорт и складирање (6.9%) и Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.4%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.4%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа
и климатизација (7.1%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (6.9%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2013, изнесува 21 288 денари.
Во мај 2013 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295835

е-пошта:  sevdie.ramuko@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика