Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во март 2013 година, во однос на март 2012 година, изнесува 101.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Транспорт и складирање (6.9%), Дејности на здравствена и социјална заштита (4.1%) и
Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината
(3.9%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Информации и комуникации (29.9%), Рударство и вадење на камен (6.1%) и
Градежништво (6.0%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2013, изнесува 21 294 денари.
Во март 2013 година, 2.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.