Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, февруари 2013

четврток, 07 март 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен со цените на
стоките и на услугите за лична потрошувачка, во февруари 2013, во однос на јануари 2013, изнесува 100.2 а во
однос на февруари 2012 изнесува 103.5.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во февруари 2013, во однос на јануари
2013, пораст на индексите е забележан во групите: Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Транспорт
за 1.1%, Ресторани и хотели за 0.4%, Храна и безалкохолни пијалаци и Домување, вода, електрика, гас и други
горива за 0.3%, Здравје и Образование за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележанo во групите: Комуникации за 2.1%, Рекреација
и култура за 1.6%, Алкохолни пијалаци, тутун и Облека и обувки за 0.1%.
На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Останати стоки и услуги.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика