Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, декември 2012

вторник, 08 јануари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените
на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во декември 2012, во однос на ноември 2012, изнесува 100.0,
а во однос на декември 2011 изнесува 104.7.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во декември 2012, во однос на ноември
2012, пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 1.0%, Останати стоки и услуги за 0.6%,
Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Ресторани и хотели за 0.3%, Алкохолни пијалаци,тутун и
Рекреација и култура за 0.2% и Здравје за 0.1%.

Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци
за 0.3% и Транспорт за 0.1%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива,
Комуникации и Образование.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика