Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку
цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември 2012, во однос на октомври 2012,
изнесува 100.0, а во однос на ноември 2011 изнесува 104,6.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во ноември 2012, во однос на
октомври 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 2.2%, Здравје за 0.5%,
Останати стоки и услуги за 0.4%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Ресторани и хотели за
0.1%.
Намалување на индексот на трошоците на животот е забележан во групите: Транспорт за 0.8%, Храна
и безалкохолни пијалаци за 0.2% и Рекреација и култура за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Мебел,
покуќнина и одржување на покуќнина, Комуникации и Образование.