Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP, октомври 2012

среда, 07 ноември 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку
цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во октомври 2012, во однос на септември
2012, изнесува 100.2, а во однос на октомври 2011 изнесува 105.3.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во октомври 2012, во однос
на септември 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 2.6%, Мебел,
покуќнина и одржување на покуќнина за 0.7%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.6%, Здравје и
Останати стоки и услуги за 0.4% и Комуникации за 0.1%.
Намалување на индексот на трошоците на животот е забележан во групите: Транспорт за 2.1%,
Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Рекреација и култура за 0.6%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Образование
и Ресторани и хотели.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика