Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP, септември 2012

понеделник, 08 октомври 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку
цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2012, во однос на август 2012,
изнесува 101.4, а во однос на септември 2011 изнесува 105.3.


Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во септември 2012, во однос на
август 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Образование за 10.1%, Транспорт за 2.7%,
Храна и безалкохолни пијалаци за 2.3%, Облека и обувки за 1.0%, Останати стоки и услуги за 0.8%,
Комуникации за 0.4%, Здравје за 0.3%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Ресторани и
хотели за 0.1%.


Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација и култура за
1.1% и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.3%.


На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Алкохолни пијалаци, тутун.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика