Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, август 2012

петок, 07 септември 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку
цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август 2012, во однос на јули 2012, изнесува
101.5, а во однос на август 2011 изнесува 103.7.


Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август 2012, во однос на јули
2012, пораст на индексите е забележан во групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива за
5.9%, Транспорт за 3.8%, Здравје за 1.1%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.8%, Останати стоки и
услуги за 0.2% и Ресторани и хотели за 0.1%.


Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација и култура за
0.3%, Облека и обувки, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.2% и Алкохолни пијалаци,
тутун за 0.1%.


На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите Комуникации и Образование.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика