Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, јули 2012 година

вторник, 07 август 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен
преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јули 2012 г., во однос на јуни 2012 г.,
изнесува 99.1, а во однос на јули 2011 г. изнесува 102.3.


Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јули 2012 г., во однос на јуни
2012 г., намалување на индексите е забележано во групите: Транспорт за 2.5%, Храна и безалкохолни
пијалаци за 1,8%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.2% и Алкохолни пијалаци, тутун за
0,1%.


Пораст на индексот на трошоците на животот е забележан во групите: Здравје за 0.6%, Рекреација и
култура за 0.2%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Останати стоки и услуги за 0,1%.


На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Облека и обувки, Комуникации,
Образование и Ресторани и хотели.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика