Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP, април 2012

понеделник, 07 мај 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен
преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во април 2012, во однос на март 2012,
изнесува 101.1, а во однос на април 2011 изнесува 102.2.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во април 2012, во однос на март
2012, пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 2.3%, Транспорт за 1.9%, Храна и
безалкохолни пијалаци за 1.6%, Останати стоки и услуги за 1.3%, Рекреација и култура за 0.7%, Здравје
за 0.4%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.3%, Мебел, покуќнина и одржување на
покуќнина и Ресторани и хотели за 0.2%.
Намалување на индексот на трошоците на животот е забележанo во групата Алкохолни пијалаци, тутун
за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите Комуникации и Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика