Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP, март 2012

понеделник, 09 април 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во март 2012, во однос на февруари 2012, изнесува 100.4, а во однос на март 2011 изнесува 101.4.


Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во март 2012, во однос на февруари 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 2.9%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.4%, Храна и безалкохолни пијалаци, Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Останати стоки и услуги за 0.3%, Облека и обувки и Рекреација и култура за 0.2%, Алкохолни пијалаци, тутун и Здравје за 0.1%.


Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групата Комуникации за 0.3%.


На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите Образование и Ресторани и хотели.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика