Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, февруари 2012

среда, 07 март 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во февруари 2012, во однос на јануари 2012, изнесува 100.5, а во однос на февруари 2011 изнесува 102.9.


Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во февруари 2012, во однос на јануари 2012, пораст на индексите е забележан во групите: Ресторани и хотели за 1.8%, Транспорт за 1.1%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7%, Останати стоки и услуги за 0.6%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.4%, Облека и обувки за 0.3%, Алкохолни пијалаци, тутун за 0.2%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива, Здравје и Комуникации за 0.1%.


Намалување на индексот на трошоците на животот е забележано во групата Рекреација и култура за 1.6%.
На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Образование.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov 
  




© Државен завод за статистика