Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот според класификацијата COICOP, јануари 2012

петок, 24 февруари 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јануари 2012, во однос на декември 2011, изнесува 101.2, а во однос на јануари 2011 изнесува 103.4.


Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јануари 2012, во однос на декември 2011, пораст на индексите е забележан во групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 5.4%, Транспорт за 1.3%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.9%, Рекреација и култура за 0.5%, Здравје и Останати стоки и услуги за 0.3%.


Намалување на индексите на трошоците на животот е забележанo во групите: Комуникации за 0.8%, Алкохолни пијалаци, тутун, Облека и обувки и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.1%.


На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Образование и Ресторани и хотели.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика