Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, ноември 2011

среда, 07 декември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во ноември 2011, во однос на октомври 2011, изнесува 100.6, а во однос на ноември 2010 изнесува 103.5.
 
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во ноември 2011, во однос на октомври 2011, пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1.4%, Облека и обувки за 1.2%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.7%, Ресторани и хотели за 0.4%, Останати стоки и услуги за 0.2%, Алкохолни пијалаци, тутун и Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.1%.
 
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација и култура за 2.1%, Комуникации за 1.4%, Транспорт за 0.6% и Здравје за 0.1%.
 
На ниво од претходниот месец остана индексот на групата Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика