Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, октомври 2011

понеделник, 07 ноември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во октомври 2011, во однос на септември 2011, изнесува 100.3, а во однос на октомври 2010 изнесува 103.3.


Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во октомври 2011, во однос на септември 2011, пораст на индексите е забележан во групите: Облека и обувки за 1.1%, Образование за 0.9%, Храна и безалкохолни пијалаци и Транспорт за 0.5% и Ресторани и хотели за 0.3%.


Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Комуникации за 0.3%, Рекреација и култура и Останати стоки и услуги за 0.2% и Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.1%.


На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун и Здравје.






  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика