Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2011, во однос на август 2011, изнесува 99.9, а во однос на септември 2010 изнесува 103.4.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во септември 2011, во однос на август 2011, намалување на индексите е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4%, Образование за 0.3%, Облека и обувки за 0.2%, Рекреација и култура и Ресторани и хотели за 0.1%.
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Транспорт за 0.8% и Останати стоки и услуги за 0.2%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Домување, вода, електрика, гас и др. горива, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина, Здравје и Комуникации.