Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, август 2011

среда, 07 септември 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август 2011, во однос на јули 2011, изнесува 99.9, а во однос на август 2010 изнесува 103.6.
 
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август 2011, во однос на јули 2011, намалување на индексите е забележано во групите: Комуникации за 2.9%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.5% и Облека и обувки за 0.4%.
 
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Транспорт за 1.6%, Останати стоки и услуги за 0.6%, Рекреација и култура за 0.4%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.3% и Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.2%.
 
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Алкохолни пијалаци, тутун, Здравје, Образование и Ресторани и хотели.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика