Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јули 2011 година, во однос на јуни 2011 година, изнесува 99.2, а во однос на јули 2010 година изнесува 103.8.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јули 2011 година, во однос на јуни 2011 година, намалување на индексите е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 2.2% и Облека и обувки за 0.1%.
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Рекреација и култура за 2.8%, Ресторани и хотели за 0.5%, Алкохолни пијалаци, тутун, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Здравје за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива, Транспорт, Комуникации, Образование и Останати стоки и услуги.