Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Трошоци на животот, според класификацијата COICOP,
јуни 2011
четврток, 07 јули 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку
цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јуни 2011, во однос на мај 2011, изнесува 99.4, а
во однос на јуни 2010 изнесува 104.1.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јуни 2011, во однос на мај 2011,
намалување на индексите е забележано во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1.3%, Транспорт за
1.2%, Облека и обувки за 0.3%, Здравје и Комуникации за 0.1%.
Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Останати стоки и услуги за 0.7%,
Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0.2%, Алкохолни пијалаци, тутун, Рекреација и култура и
Ресторани и хотели за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива
и Образование.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика