Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, мај 2011

вторник, 07 јуни 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во мај 2011, во однос на април 2011 изнесува 99.8, а во однос на мај 2010 изнесува 105.2.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во мај 2011, во однос на април 2011, намалување на индексите е забележано во групите: Рекреација и култура за 1.2%, Транспорт и Останати стоки и услуги за 0.4%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3%, Комуникации и Ресторани и хотели за 0.1%.

Пораст на индексите на трошоците на животот е забележан во групите: Облека и обувки, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Здравје за 0.3% и Алкохолни пијалаци, тутун за 0.1%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива и Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика