Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Трошоци на животот, според класификацијата COICOP,
април 2011
понеделник, 09 мај 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку
цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во април 2011, во однос на март 2011, изнесува
100.3, а во однос на април 2010, изнесува 104.8.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во април 2011, во однос на март 2011,
пораст на индексите е забележан во групите: Рекреација и култура за 1.6%, Храна и безалкохолни пијалаци
и Останати стоки и услуги за 0.6%, Алкохолни пијалаци, тутун, Облека и обувки, Домување, вода, електрика,
гас и др. горива, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Транспорт за 0.1%.
Намалување на индексите на трошоците на животот за 0.6% е забележано во групата Комуникации.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Здравје, Образование и Ресторани и хотели.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика