Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Трошоци на животот, според класификацијата COICOP, март 2011

четврток, 07 април 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во март 2011, во однос на февруари 2011, изнесува 101.7, а во однос на март 2010 изнесува 105.2.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во март 2011, во однос на февруари 2011, пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 3.0%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 2.9%, Транспорт за 1.0%, Ресторани и хотели за 0.8%, Здравје за 0.6%, Облека и обувки и Рекреација и култура за 0.3% и Комуникации за 0.1%.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и Останати стоки и услуги за 0.1%.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина и Образование.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 629

е-пошта:  gordana.lazarova@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика