Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и цени на мало, мај 2020 година

понеделник, 08 јуни 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во мај 2020 година, во однос на претходниот месец изнесуваат 100.4.

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 7.2 %, рибата и морските плодови за 0.9 %, жестоките пијалаци за 0.8 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, пивото за 0.4 %, месото, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0.3 %, лебот и житата и млекото за 0.2 %.

Во мај 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај велосипедите, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3.3 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 3.2 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1.8 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 0.8%, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0.7 %, другите медицински производи, медиумите за снимање, градините, растенијата и цвеќињата за 0.5 %, другата облека и додатоците за облека, обувките, теписите и другите подни покривки за 0.4 %, моторните возила, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.3 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 0.6 %, јајцата за 0.5 % и виното за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4.0 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 2.2 %, електричните апарати за лична хигиена за 1.0 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.9 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.8 %, облеката за 0.4 %, другите лични предмети за 0.3 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, терапевтските помагала и опрема, информатичката опрема за обработка на податоци, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи намалување од 0.2 %, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1.3 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика