Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот и цени на мало, февруари 2020 година

понеделник, 09 март 2020


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2020 година, во однос на претходниот месец изнесува 100.1, а индексот на цените на мало изнесува 99.7.

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 2.6 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 2.1 %, маслото и маснотиите за 1.6 %, месото, млекото, пивото за 0.8 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 %, безалкохолните пијалаци, жестоките пијалаци за 0.5 %, јогуртот, сирењето и урдата, јајцата за 0.3 % и виното за 0.2 %.

Во февруари 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај информатичката опрема за обработка на податоци за 3.2 %, моторните возила за 3.1 %, снабдувањето со вода за 1.9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.7 %, собирањето на отпадните води за 1.4 %, гасот за домаќинствата за 1.3 %, патниот патнички транспорт за 0.9 %, угостителските услуги за 0.6 %, домашните миленици и сродните производи за 0.5 %, мебелот и покуќнината, големите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 0.3 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во февруари 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај замрзнатото овошје за 0.4 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.3 %, другите пекарски производи за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 11.3 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10.7 %, течните горива за домаќинствата за 7.7 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 3.1 %, услугите за сместување за 2.6 %, телефонската и телефакс-опремата за 1.4 %, обувките за 1.0 %, игрите, играчките и хобијата, туристичките пакетаранжмани за 0.9 %, цврстите горива за 0.8 %, стаклените садови, трпезните садови и приборот за домаќинствата, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.4 %, медиумите за снимање за 0.3 %, малите електрични апарати за домаќинствата, терапевтските помагала и опрема, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2020 година во однос на февруари 2019 година бележи пораст од 0.7 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.5 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика