Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на цените на мало 100.2.
Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 6.4 %, маслото и маснотиите за 1.6 %, другите преработки од месо за 0.9 %, свежото и разладеното овошје, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.7 %, месото за 0.6 %, рибата и морските плодови за 0.5 %, лебот и житата, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.4 %, јогуртот за 0.3 %, млекото, другите прехранбени производи за 0.2 %.
Во август 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај туристичките пакетаранжмани за 4.1 %, авионскиот превоз на патници за 4.0 %, услугите за одржување на станот за 3.3 %, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 3.1 %, услугите за сместување за 2.8 %, парамедицинските услуги за 1.1 %, цврстите горива за домаќинствата за 1.0 %, домашните миленици и сродни производи, услугите за лична хигиена за 0.9 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.7 %, средствата за чистење и одржување на станот за 0.6%, мебелот и покуќнината за 0.5 %, течните горива за домаќинствата, другите лични предмети за 0.4.%, услугите за одржување и поправки на станот, теписите и другите покривки за под, големите електрични апарати за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата за 0.3 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.1 %, јаjцата за 0.4 %, сувото овошје и јаткастите производи, безалкохолните пијалаци за 0.3 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за 6.4 %, гасот за домаќинствата за 4.3 %, информатичката опрема за 2.7 %, обувките за 2.5 %, услугите за рекреација и спорт за 2.0.%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1.1 %, телефон и телефакс-опремата за 0.9 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.5 %, конфекцијата за 0.4%, малите електрични апарати за домаќинствата, лековите, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во август 2019 година, во споредба со август 2018 година, бележи пораст од 0.8 %, а индексот на цените на мало е на исто ниво како и минатиот месец.