Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, јули 2019

среда, 07 август 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.2, а индексот на цените на мало 101.1.

Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 4.8 %, маслото и маснотиите за 2.1 %, лебот и житата за 1.7 %, другите млечни производи за 0.6%, житата за 0.4 %, трбушките, сирењето и урдата, сувото овошје и јаткастите производи за 0.3 %, месото, свежата и разладената риба, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, другите прехранбени производи за 0.2 %.

Во јули 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај  авионскиот превоз на патници за 25.4 %, информатичката опрема за 7.8 %, туристичките пакет-аранжмани за 4.7 %, услугите за сместување за 2.0 %, автомобилите за 1.5 %, велосипедите за 1.3 %, другите медицински производи за 0.7 %, лековите за 0.5 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.4 %, цврстите горива за домаќинствата, теписите и другите покривки за под за 0.3 %, средствата за чистење и одржување на станот, другите услуги за опремата за сопствен превоз, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 7.0 %, другите пекарски производи за 0.3 % и јајцата за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 13.7 %, гасот за домаќинствата за 4.1 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1.4 %, обувките за 1.2 % , градините, растенијата и цвеќињата за 1.1 %,  течните горива за домаќинствата за 1.0 %, ткаенините, книгите за 0.8 %, мебелот и покуќнината, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.4 %, телефонските и телефаксапаратите и телефонските и телефакс-услугите, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 %.

Индексот на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со јули 2018 година, бележи пораст од 0.8 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.7 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика