Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, мај 2019

петок, 07 јуни 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало 100.4.

Пораст на индексот на трошоците на животот во мај 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3.7 %, лебот за 1.6 %, другите прехранбени производи за 1.1 %, цигарите за 1.0 %, лебот и житата за 0.9 %, месото за 0.6 %, брашното и другите жита за 0.5 %, замрзнатиот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, алкохолните пијалаци за 0.3 % и маслото и маснотиите за 0.2 %.

Во мај 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 5.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, туристичките пакет-аранжмани за 3.7 %, обувките за 2.8 %, услугите за сместување за 2.5 %, гасот за домаќинствата за 0.7 %, теписите и другите покривки за под, терапевтските помагала, книгите за 0.5 %, малите електрични апарати за домаќинствата, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, автомобилите за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети неспоменати на друго место за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 4.6 %, трбушките за 0.9 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.7 %, јајцата за 0.4 %, другите пекарски производи, замрзнатата риба за 0.2 %. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 2.2 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.3 %, информатичката опрема за 0.7 %, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 0.4 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, другите медицински производи, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во мај 2019 година, во споредба со мај 2018 година, бележи пораст од 1.4 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 1.0 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика