Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Цени
Трошоци на животот, според класификацијата COICOP,
јануари 2011
петок, 18 февруари 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку
цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во јануари 2011, во однос на декември 2010,
изнесува 100.9, а во однос на јануари 2010 изнесува 103.2.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во јануари 2011, во однос на декември
2010, пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 2.3%, Храна и безалкохолни пијалаци за
1.5%, Здравје за 0.8%, Домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0.5%, Комуникации и Ресторани и
хотели за 0.2%.
Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите: Рекреација и култура за
0.6%, Алкохолни пијалаци, тутун и Останати стоки и услуги за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Облека и обувки, Мебел, покуќнина и
одржување на покуќнина и Образование.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 629
е-пошта:
gordana.lazarova@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика