Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.5.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај безалкохолните пијалаци за 1.4 %, маслото и маснотиите за 0.7 %, другите прехранбени производи за 0.5 % и млекото за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај велосипедите за 7.2 %, течните горива за домаќинствата за 6.2 %, гасот за домаќинствата за 5.5 %, обувките, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за сместување за 4.4 %, авионскиот превоз на патници за 4.1.%, книгите за 3.0 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 2.6 %, телефонската и телефакс-опремата за 2.5 %, одржувањето и поправката на сопствените сообраќајни средства за 2.0 %, информатичката опрема за 1.9 %, парамедицинските услуги за 1.4 %, другите медицински производи за 1.2 %, рестораните и хотелите за 0.8 %, патниот сообраќај за 0.7 %, стоматолошките услуги за 0.4 %, услугите за одржување и поправки на станот и другите лични предмети за 0.3 %.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 7.0 %, свежото и разладеното овошје за 0.9 %, лебот и житата за 0.4 % и месото за 0.2 %.
Во јануари 2019 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 8.5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.9 %, услугите за одржување на станот за 2.1 %, автомобилите за 1.7 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 1.4 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, големите електрични апарати за домаќинствата и малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 %, теписите и другите покривки за под, железничкиот сообраќај за 0.6 %, услугите за рекреација и спорт, услугите за култура за 0.5 %, ткаенините, снабдувањето со вода, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.4 %, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот и покуќнината, туристичките пакет-аранжмани за 0.3 %, терапевтските помагала, градините, растенијата и цвеќињата за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2019 година, во споредба со јануари 2018 година, бележи пораст од 1.2 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.7 %.