Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, декември 2018 година

вторник, 08 јануари 2019


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало 99.5.

Во 2018 година, во однос на 2017 година, индексот на трошоците на животот бележи пораст од 1.5 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 2.7 %.

Движењето на индексот на трошоците на животот, во 2018 година, беше различно по одделни групи на потрошувачката.

Пораст на индексите е забележан во групите: Транспорт за 7.5 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.5 %, Рекреација и култура за 2.4 %, Ресторани и хотели за 1.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0.8 %, Здравје и Комуникации за 0.7 %, Останати стоки и услуги за 0.5 %.

Намалување на индексите е забележано во групите: Облека и обувки за 0.4 % и Образование за 0.1 %.

Групата Домување, вода, електрика, гас и други горива е на ниво од претходната година.

 Движењето на индексот на цените на мало, во 2018 година, исто така, беше различно по одделни групи  производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Услуги за 3.7 %, Земјоделски производи за 3.6 %, Непрехранбени индустриски производи и тутун за 2.5 %, Индустриско-прехранбени производи за 0.8 %.

Групата Пијалаци е на ниво од претходната година. Индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, вo споредба со декември 2017 година, забележа пораст од 0.9 %, а индексот на цените на мало забележа пораст од 1.0 %.

Индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, забележа намалување од 0.2 %.

Намалувањето на индексите на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 3.3 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.9 %, млекото за 0.8 %, трбушките за 0.7 %, другите прехранбени производи за 0.6 %, јајцата за 0.5 %, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3 %, маслото и маснотиите за 0.2 %.

Исто така, во декември 2018 година, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 6.8 %, течните горива за домаќинствата за 12.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 10.6 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3.6 %, информатичката опрема за 1.9 %, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ата, филмовите за 1.0 %, книгите за 1.5 %, автомобилите за 1.4 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0.9 %, другите медицински производи за 0.3 %, материјалите за одржување и поправки на станот, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.2 %.

Пораст на индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.6 %, рибата и морските плодови, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.7 %, сирењето и урдата за 0.5 %, лебот и житата за 0.4 %, другите преработки од месо, јогуртот за 0.2 %.

Исто така, во декември 2018 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 3.9 %, средствата за чистење и одржување на станот за 2.1 %, градините, растенијата и цвеќињата, туристичките пакет-аранжмани за 1.3 %, парамедицинските услуги за 0.9 %, теписите и другите покривки за под, другите лични предмети за 0.8 %, обувките, телефон и телефакс-опремата за 0.7 %, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, услугите за сместување, услугите за лична хигиена за 0.5 %, мебелот за домаќинствата за 0.4 %, лековите, терапевтските помагала, резервните делови и опремата за сопствен превоз, ресторани и хотели за 0.2 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика