Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, октомври 2018 година

среда, 07 ноември 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на цените на мало 100.4.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 4.3 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 1.8 %, замрзнатото овошје за 1.1 %, другите прехранбени производи за 0.8 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, трбушките, јогуртот за 0.5 %, конзервираното овошје за 0.4 %, лебот и житата и алкохолните пијалаци за 0.2 %.

Во октомври 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 6.6 %, течните горива за домаќинствата за 6.0 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.4 %, обувките, услугите за сместување за 2.7 %, ветеринарните и другите услуги за домашни миленици за 1.4 %, туристичките пакет-аранжмани за 1.1 %, лековите за 0.8 %, облеката за 0.7 %, цврстите горива за 0.5 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.4 %, услугите за култура за 0.3 %, другите медицински производи, информатичката опрема, накитот и часовниците за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 6.0 %, сувото овошје и јаткастите производи за 3.5 %, маслото и маснотиите зa 1.8 %, другите преработки од месо за 0.5 %, месото, сирењето и урдата за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај средствата за чистење и одржување на станот за 1.4 %, телефон и телефакс-опремата за 1.3 %, авионскиот превоз на патници за 1.1 %, парамедицинските услуги за 0.9 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, домашните миленици и сродни производи за 0.4 % и големите електрични апарати за домаќинствата за 0.3 %.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, забележа пораст од 1.5 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 2.7 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика