Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, септември 2018 година

понеделник, 08 октомври 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2018 година,
во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.3.
Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.0 %, другите прехранбени производи за 0.8 %, трбушките за 0.7
%, сирењето и урдата за 0.5 %, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук
за 0.4 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.3 %, брашното и другите жита, замрзнатиот зеленчук, освен
компирот и другите коренести плодови за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за
16.2%, услугите за сместување за 6.4 %, информатичката опрема за 3.0 %, парамедицинските услуги за 2.4 %,
велосипедите, туристичките-пакет аранжмани за 1.9 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките
инструменти за 1.2 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 1.0 %, цврстите горива за
домаќинствата, игрите, играчките и хобијата за 0.7 %, високото образование за 0.6 %, дисковите, касетите, дискетите,
цедеата, филмовите за 0.5 %, материјалите за оджување и поправки на станот и големите електрични апарати за
0.2 %.
Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 7.4 %, замрзнатото
овошје за 0.7 %, конзервираното овошје за 0.6 %, рибата и морските плодови за 0.5 %, млекото за 0.4%, другите
преработки од месо, алкохолните пијалаци за 0.3 % и оризот за 0.2 %.
Во септември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива
за домаќинствата за 2.8 %, средствата за чистење и одржување на станот за 2.6 %, гасот за домаќинствата за 2.0 %,
течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1.6 %, канцеларискиот материјал
и материјалите за цртање за 0.6 %, мебелот за домаќинствата за 0.5 %, угостителските услуги за 0.4 %, телефон и
телефакс-опремата, услугите за лична хигиена за 0.3 %, теписите и другите покривки за под, градините, растенијата
и цвеќињата за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во септември 2018 година, во споредба со септември 2017 година, забележа
пораст од 1.5 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 2.6 %





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика