Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, август 2018 година

петок, 07 септември 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2018 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на цените на мало 100.9.
Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан
кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 4.9 %, цигарите за 0.7 %,
трбушките, замрзнатото овошје за 0.6 %, јогуртот за 0.5 %, рибата и морските плодови и конзервираното овошје за
0.2 %.
Во август 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз
на патници за 21.1 %, другите медицински производи за 3.7 %, туристичките пакет-аранжмани за 2.5 %, услугите за
сместување за 2.2 %, услугите за култура за 2.1 %, снабдувањето со вода и другите услуги во врска со станот за 0.9 %,
малите електрични апарати за 0.5 %, парамедицинските услуги, опремата за прием, снимање и репродукција на звук
и слики за 0.4 % и велосипедите за 0.3 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2018 година, во споредба со претходниот месец,
е забележано кај свежото и разладеното овошје за 5.2 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.7 %, другите
преработки од месо за 0.6 %, млекото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.4 %,
сушеното, чаденото и пушеното месо, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.3 %,
сирењето и урдата, маслото и маснотиите, другите прехранбени производи и безалкохолните пијалаци за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење на
домаќинствата за 2.9 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.7 %, течните
горива за домаќинствата за 1.3 %, средствата за чистење и одржување на станот за 1.2 %, информатичката опрема за
1.0 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 0.7 %, обувките за 0.5 %,
мебелот за домаќинствата за 0.4 %, текстилот за домаќинствата, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите
за 0.3 %, градините, растенијата и цвеќињата, услугите за лична хигиена и другите лични предмети за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во август 2018 година, во споредба со август 2017 година, забележа пораст од
1.5 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3.3 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика