Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, јули 2018 година

вторник, 07 август 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2018 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 99.7, а индексот на цените на мало 100.4.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2018 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови, за 12.0 %, свежото
и разладеното овошје за 2.3 %, маслото и маснотиите за 1.1%, другите пекарски производи за 0.6 %, брашното и
другите житарици за 0.5 %, сирењето и урдата за 0.4 %, замрзнатата риба, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и
кондиторските производи за 0.3 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај отпадната вода за 6.2 %,
фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 5.9 %, течните горива за домаќинствата за
1.7 %, информатичката опрема за 1.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни
средства за 1.2 %, средствата за чистење и одржување на станот за 0.9 %, обувките за 0.8 %, опремата за прием,
снимање и репродукција на звук и слики за 0.4 %.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан
кај сувото овошје и јаткастите производи за 0.9 %, јогуртот за 0.6 %, свежата и разладената риба за 0.5 %, сушеното,
соленото и чаденото месо, јајцата и цигарите за 0.4 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук
за 0.3 %, житата, замрзнатото овошје и другите прехранбени производи за 0.2 %.
Во јули 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз
на патници за 16.1 %, туристичките пакет-аранжмани за 6.5 %, услугите за сместување за 3.4 %, патниот сообраќај за
1.6 %, парамедицинските услуги, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 1.5 %, велосипедите за 1.0 %,
услугите за култура за 0.9 %, теписите и другите покривки за под за 0.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата
за 0.6 %, услугите за одржување на станот за 0.5 %, терапевтските помагала за 0.4 %, стаклените садови, кујнскиот
прибор и другата опрема, градините, растенијата и цвеќињата за 0.3 %, ткаенините и угостителските услуги за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во јули 2018 година, во споредба со јули 2017 година, забележа пораст од 1.7 %,
а индексот на цените на мало забележа пораст за 3.3 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика