Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, јуни 2018 година

понеделник, 09 јули 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни во однос на
претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 100.2.


Индексот на трошоците на животот во јуни 2018 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано
движење во подгрупите.


Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај
свежото и разладеното овошје за 4.8 %, замрзнатото овошје и сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, јогуртот,
замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0.3 %, сирењето и урдата, конзервираното
овошје, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи и другите прехранбени производи за 0.2 %.


Во јуни 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за
домаќинствата за 4.8 %, услугите за сместување за 3.7 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени
сообраќајни средства, услугите за култура за 3.5 %, туристичките пакет-аранжмани за 2.8 %, гасот за домаќинствата
за 2.6 %, парамедицинските услуги за 2.2 %, стоматолошките услуги за 1.8 %, игрите, играчките и хобијата за 1.6 %,
средствата за чистење и одржување на станот за 1.1 %, снабдувањето со вода и другите услуги во врска со станот за
0.6 % и обувките за 0.4 %.


Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 6.7 %, компирот за
2.2 %, рибата и морските плодови, маслото и маснотиите за 0.5 %.

 
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај книгите за 11.3 %, авионскиот
превоз на патници за 5.0 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4.4 %, телефон и телефакс-
опремата за 4.1 %, болничките услуги за 1.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.1 %, малите електрични
апарати за домаќинствата за 1.0 %, информатичката опрема за 0.8 %, фотографската и кинематографската опрема и
оптичките инструменти за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата, услугите за лична хигиена за 0.5.%,
опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.4 %, материјалите за одржување и поправки на
станот и лековите за 0.2 %.


Индексот на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, забележа пораст од 1.4 %,
а индексот на цените на мало забележа пораст за 2.8 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика