Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало, мај 2018 година

четврток, 07 јуни 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во мај во однос на
претходниот месец, изнесува 101.0, а индексот на цените на мало 100.7.


Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан
кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 13.1 %, цигарите за 5.0 %,
свежото и разладеното овошје за 2.3 %, замрзнатото овошје за 1.3 %, другите прехранбени производи за 0.7 %,
месото за 0.6 %, алкохолните пијалаци за 0.5 %, сирењето и урдата за 0.4 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран
и преработен зеленчук за 0.3 %, рибата и морските плодови и безалкохолните пијалаци за 0.2 %.


Во мај 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките пакет-
аранжмани за 12.1 %, парамедицинските услуги за 7.2 %, течните горива за домаќинствата за 7.0 %, услугите за
сместување за 5.9 %, болничките услуги за 5.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени
сообраќајни средства за 4.6 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 4.3 %, информатичката опрема
за 2.9 %, гасот за домаќинствата за 2.4 %, обувките, телефон и телефакс-опремата за 1.1 %, теписите и другите покривки
за под за 0.7 %, услугите за лична хигиена за 0.5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.4 %.


Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е
забележано кај маслото и маснотиите за 1.1 %, јајцата за 0.9 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.6 %, шеќерот,
џемот, медот и кондиторските производи за 0.4 % и млекото за 0.2 %.


Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници
за 5.0 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3.1 %, градините, растенијата и
цвеќињата за 2.6 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 1.4 %, игрите, играчките и хобијата за
1.3 %, средствата за чистење и одржување на станот за 0.9 %, накитот и часовниците за 0.6 %, големите електрични
апарати за домаќинствата, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3 %.


Индексот на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со мај 2017 година, забележа пораст од 1.7 %, а
индексот на цените на мало забележа пораст за 3.1 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика